Праизведба на „Дневна доза мазохизам“ – 05.09.2021

Истражувајќи ја опсесијата како генетски код врз кои се создаваат односите помеѓу луѓето и опседнатоста како пракса која се артикулира во секојдневието, новиот театарски проект на „Пресврт“, „Дневна доза мазохизам“ го разложува човековиот емотивен распад преку конфликтот кој се наоѓа во обичните ситуации. Заслепени од виртуелниот идеал, често луѓето се наоѓаат на крстопатот помеѓу онаContinue reading “Праизведба на „Дневна доза мазохизам“ – 05.09.2021”

СВРТИ СЕ КОН ТЕАТАР – Повик за учесници на 4 онлајн работилници

Ако верувате дека театарот може да се случува било каде, тогаш, навистина целиот свет станува сцена. Останува на вас да подготвите изведба за вашата публика. Пресврт во рамки на проектот „Сврти се кон театар“ објавува повик за учесници на серија од четири онлајн предавања на кои ќе имате можност да подготвите монолог од вашите соништа!Continue reading “СВРТИ СЕ КОН ТЕАТАР – Повик за учесници на 4 онлајн работилници”

Премиерна изведба на „Иднината е приватна“

Започнавме со идеја за театарска претстава, изведена на начин кој е веќе познат, со физичко присуство. Но, овој процес нè научи дека и со прецизно планирање, нештата можат да се сменат во секунда. Овој пат актерите се на сцена во Денсинг салата на МКЦ, а вие од својот дом го следите преносот во живо наContinue reading “Премиерна изведба на „Иднината е приватна“”

Отворена проба со екипата на „Иднината е приватна“

Во рамки на својата едукативна програма „Театар за сите“, ви нудиме можност да присуствувате, но и да учествувате на онлајн пробата со актерската екипа и режисерот за претставата „Иднината е приватна“ во продукција на Пресврт, на тој начин симболично одбележувајќи го Светскиот ден на театарот, 27.март. Имајќи ја предвид моменталната состојба и во интерес наContinue reading “Отворена проба со екипата на „Иднината е приватна“”

Што значи вашата поддршка за „Пресврт“?

Значи поддршка на театарска продукција која својот прв проект го почнува независно одинституционално финансирање, односно се обидува да изнајде алтернативни начини и изворина буџетот за реализација на претставата. Значи постоење на можност за промена на статусот кој независната македонска продукција гоима, како и свртување на вниманието кон условите во кои голем дел од театарскитеработници творат.Continue reading “Што значи вашата поддршка за „Пресврт“?”

Поддржете ја „Иднината е приватна“

За својата прва претстава „Иднината е приватна“, Пресврт пристапува истражувачки и од продукциски аспект: отпочната е претпродажбата на билетите за премиерата на 23.април во Денсинг салата на Младинскиот Културен Центар, преку онлајн платформата за crowdfunding –  GoGetFunding. Одговори на прашањата дали може да се заобиколат институциите и можни ли се алтернативни начини за финансирање наContinue reading “Поддржете ја „Иднината е приватна“”

ИДНИНАТА Е ПРИВАТНА: Започнува продукциската фаза на првата претстава на „Пресврт“

Претпродукциската фаза на проектот “Иднината е приватна” е при крај, а тимот се подготвуваза отпочнување на процесот на проби со актерската екипа (Наталија Теодосиева, Дени Стојанов, Нина Елзесер и Дарко Ристовски) и режисерот (Милош Б. Андоновски). За почеток, екипата ќе истражува зададени теми и прашања од режисерот Андоновски, поврзани со иднината, личната и колективната; влијаниетоContinue reading “ИДНИНАТА Е ПРИВАТНА: Започнува продукциската фаза на првата претстава на „Пресврт“”