Праизведба на „Дневна доза мазохизам“ – 05.09.2021

Истражувајќи ја опсесијата како генетски код врз кои се создаваат односите помеѓу луѓето и опседнатоста како пракса која се артикулира во секојдневието, новиот театарски проект на „Пресврт“, „Дневна доза мазохизам“ го разложува човековиот емотивен распад преку конфликтот кој се наоѓа во обичните ситуации. Заслепени од виртуелниот идеал, често луѓето се наоѓаат на крстопатот помеѓу она што е и она што посакуваат да биде, како што му се случува и на Тома чие несовпаѓање со светот длабоко се истакнува преку неговата привлечност кон младата „инфлуенсерка“ Софија која пак се бори со сопствениот наметнат калап на своите обожаватели.

Во соработка со организацијата „Ла Култура Нуова“ од Прато, Италија, режисерот Лука Кортина за претставата вели: „Театарот е интимно поврзан со суштината на бидување човек на оваа планета. Постоењето и враќањето на театарот е еднакво со постоењето и живеењето на човековиот род. Претставата за која имавме среќа и се изборивме да ја направиме е во суштина приказна за нас, луѓето, кои се прашуваме дали сакаме или не сакаме да живееме. Одговорот на животот треба да биде љубовта“.

Драмата на Вукелиќ „Дневна доза мазохизмот“ за прв пат ќе биде поставена не само во Р. С. Македонија, туку на 5 септември ја доживува и својата светска премиера. Праизведбата на овој драмски текст во нашата земја означува сериозен чекор во развојот на соработката помеѓу младите театарски работници од регионот и Европа. „Праизведбата на мојот текст „Дневна доза мазохизам“ во МКЦ е од големо значење за мене како автор, а верувам и за Пресврт, кој со овој проект отвора интресен простор на независната сцена и ги поврзува уметниците на интелектуално ниво, истражувајќи нови изрази и естетики. Се надевам дека оваа пракса ќе продолжи и во иднина. Од перспектива на хрватска авторка сметам дека ни се потребни не само праизведби на современи текстови, туку и соработка со уметници од овие простори со кои делиме доволно сличности за да се испреплетат темите што нè засегаат, а и доволно различни за да учиме едни од други“- вели Дина Вукелиќ.

На 5ти септември, во продукција на „Пресврт“, со почеток во 19:00 часот во Денсинг салата на МКЦ ќе биде одиграна премиерната изведба на претставата „Дневна доза мазохизам“ по текст на младата хрватска авторка Дина Вукелиќ, а во режија на Лука Кортина. По премиерата на 5ти септемри (недела), закажани се уште две изведби на 6ти и 7ми септември (понеделник и вторник) со почеток од 19 часот.


Текст: Дина Вукелиќ
Режија: Лука Ибрахим Кортина
Играат: Дарко Ристовски, Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Јанка Лефкова, Димитрија Доксевски, Ава Хусеини, Ѓорѓи Јолевски, Амернис Нокшиќи
Сценографија: Мартин Манев
Костимографија: Ирина Тошева
Кореографија: Наталија Теодосиева
Превод на текст: Горјан Милошевски
Видео проекции: Кирил Манчевски
Продуцент: Петар Антевски

Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и oнлајн преку bileti.mkc.mk
НАПОМЕНА: Сите оние кои си обезбедија билети за закажаните изведби во јуни, а по откажувањето не ги рефундираа, истите може да ги искористат за било која од трите изведби во септември со претходно известување преку мејл на online@mkc.mk за која изведба сакате да ги искористите.
Изведбите на претставата „Дневна доза мазохизам“ се организираат согласно актуелните протоколи за организација на настани.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: