Ако верувате дека театарот може да се случува било каде, тогаш, навистина целиот свет станува сцена. Останува на вас да подготвите изведба за вашата публика. Пресврт во рамки на проектот „Сврти се кон театар“ објавува повик за учесници на серија од четири онлајн предавања на кои ќе имате можност да подготвите монолог од вашите соништа!
Заедно со нашите предавачи ќе имате можност да се запознаете со основите на театарот, режијата и глумата, како и практично да реализирате вежби со кои ќе ги подобрите својот правоговор, гласовната интерпретација и вашата актерска вештина. Предавачи на серијалот „Сврти се кон театар“ се актерите Наталија Теодосиева, Дени Стојанов и Ангела Стојановска, како и режисерот Милош Б. Андоновски.
Работилниците започнуваат на 5ти декември и ќе се случуваат по следниот распоред:
05.12.2020 (сабота) Актерски изразни средства: вовед – Милош Б. Андоновски
07.12.2020 (понеделник) Интерпретација и техника на говор – Ангела Стојановска
09.12.2020 (среда) Види го монологот од различни страни – Наталија Теодосиева
10.12.2020 (четврток) – Кога пред публика? – Дени Стојанов
Сите работилници започнуваат во 19 часот, а ќе бидат реализирани преку платформата Zoom. Времетраењето на едно предавање е час и петнаесет минути, а програмата е бесплатна. За да ги следите предавањата не е потребно претходно искуство.
Повикот е отворен за сите театарски ентузијасти од 16 до 35 години, а рокот за пријавување трае до 3ти декември (четврток), 23:59. Не се потребни никакви предзнаења, а задолжително е следењето на сите четири работилници. За да се пријавите потребно е да го пополните формуларот на следниот линк, а ние ќе ви испратиме дополнителни информации поврзани со почетокот на работилниците. Бројот на учесници е ограничен.
За било какви дополнителни информации и прашања слободно контактирајте не на presvrt.info@gmail.com
Проектот „Сврти се кон театар“ се реализира со финансиска поддршка на Град Скопје.