Премиерна изведба на „Иднината е приватна“

Започнавме со идеја за театарска претстава, изведена на начин кој е веќе познат, со физичко присуство. Но, овој процес нè научи дека и со прецизно планирање, нештата можат да се сменат во секунда. Овој пат актерите се на сцена во Денсинг салата на МКЦ, а вие од својот дом го следите преносот во живо на платформата Basita.live: https://basita.live/event/108-the-future-is-private.

Неочекуваните промени можат да донесат и убави работи и затоа сме им благодарни на нашите соработници и финансиската поддршка која ја добивме од Delegation of the European Union, Skopje, како и на нашите спонзори BERIN Intellectual Property Agency, Modno Studio LE-TE by Katerina Tosheva и секако сите оние кои донираа на кампањата за прибирање средства за отпочнување на продукцијата на претставата „Иднината е приватна“.

Играат:
Ангела Стојановска,
Наталија Теодосиева,
Дени Стојанов,
Дарко Ристовски,
Нина Елзесер
и Христијан Поп-Симонов како гласот на Адам

Текст и режија:
Милош Б. Андоновски

Продуцент:
Петар Антевски

Костимограф:
Ирина Тошева
Асистент костимограф:
Катерина Блажевска Тошева, Модно студио Ле-Те

Сценограф:
Наташа Вчкова
Изведувач на сценографија:
Велко Бебековски

Музика и анимации: ИСКРА
Виктор Андоновски | Михаил Наумов | Владимир Петковиќ | Бобан Крстев

Снимање и монтажа на звук:
Христијан Поп-Симонов

Стрим: Пирка
Борис Ралев – камера | Петар Даутовски – асистент на камера | Петар Мукоски – стрим техничар | Дамјан Миновски – продуцент

Шминка: Виктор Мирчевски

Позајмени гласови:
Јасмина Василева, Симона Димковска, Слаѓана Вујошевиќ, Јанка Лефкова, Благојчо Стојанов, Илија Волчески, Никола Наковски, Емине Халил, Драгана Гунин, Наташа Вчкова, Петар Антевски, Милош Б. Андоновски, Марија Лукаревска.

Фотограф: Ерина Богоева

Дизајн на постер: Бојан Матејин

Посебна благодарност до:
Русе Арсов и МКЦ,
Јасмина Билаловиќ и КСП ЈАДРО,
Павле Игновски и КИНО КУЛТУРА.

*Цената на билетот за да го следите видео преносот е 360 денари, а повеќе информации може да најдете на следниот линк: https://basita.live/event/108-the-future-is-private
__________________________________

Често пати размислувам за тоа дека овде се преклопуваат неколку различни времиња во едно, дека истовремено живееме во три периоди: го живееме минатото среде сегашноста со постојан копнеж по иднината, која никако не доаѓа. Она пристојното, достојното што е некаде таму надвор, овде е недостижно.

Каква е иднината? Освен што се уверивме дека е непредвидлива, таа може да биде и розова, истовремено и дистописка, како во оваа претстава која тврди дека таа е „приватна“ односно дека лежи во враќањето на приватноста назад кон човекот. Што ако иднината навистина лежи во враќањето наназад, во нешта кои порано биле секојдневие, а денес се веќе егзотика: миризбата на лебот, грижата за природата, животните и другите?

Живееме изолирано и повеќе виртуелно, отколку во живо, зашто само така се чувствуваме поврзано со она што е надвор од нас, од овде. Иднината ја чувствуваме преку видливоста, препознатливоста, брендот, објавувањето на порциите и долната облека, споделувањето на личните спомени и оплакувањето на мртвите.

Милош Б. Андоновски, режисер
__________________________________

Продукција:
ПРЕСВРТ
септември, 2020

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: