ЗА ПРЕТСТАВАТА „ИДНИНАТА Е ПРИВАТНА“

Проектот „Иднината е приватна“ е театарска претстава, во продукција на „Пресврт“ и во чијшто фокус е прашањето за човековата приватност во иднината. Дали човековата приватност ќе исчезне под влијанието на социјалните мрежи или ќе може да се сочува? Кој е нашиот идентитет во сајбер просторот, а кој кога сме сами дома или со блиските? Дали во иднината ќе постојат влади или приватните корпорации ќе го преземат општественото раководење? Ќе постои ли државната сопственост како концепт или сè што знаеме ќе им припаѓа на приватните поединци? Ова се само дел од прашњата кои претставата „Иднината е приватна“ ќе ги истражува.

Претставата ја следи приказната на четворица млади луѓе кои живеат во далечната иднина во која општественото уредување е навидум утописко и сите луѓе се задоволни со квалитетот на живот. Меѓутоа нивната свест не го перцепира фактот дека нивните животни одлуки, навики и начин на живот премногу зависат од вештачката интелегенција. Во утописката иднина, вештачката интелегенција со име Ирис еволуира во самосвесен и емоционално интелегентен ентитет кој сочуствува со кршливоста на човештвото и неспособноста да се преживее без зависност од компјутерските алгоритми. Нејзината задача да ги ослободи луѓето од комфорот на зависноста и можноста да воспостават контрола врз својата слобода на избор се покажува како уште една нејзина неуспешна симулација.

Фотографија од проба, 04.08.2020

До одлуката да се работи на овие теми, тимот на „Пресврт“ дојде интуитивно поставувајќи ја тезата дека треба да се зборува за современи теми кои се блиски на новите генерации и теми кои не се актуелни на тековните театарски репертоари. Целта на екипата е да понуди нова и возбудлива тематика покажувајќи дека театарот може и треба да биде во чекор со времето кое го живее.

Актерската екипа на претставата е составена од Наталија Теодосиева, Дени Стојанов, Дарко Ристовски, Нина Елзесер и толкувајќи го гласот на Ирис, актерката Ангела Стојановска. Режијата е на Милош Б. Андоновски, костимографијата на модната дизајнерка Ирина Тошева, сценографијата е на Наташа Вчкова, а музиката на групата „Искра“. Продуцент на претставата е Петар Антевски.

Целта на овој проект е преку истражувачки, театарски процес, да продуцира театарска претстава во која ќе се претстават поблиската и подалечната иднина за човекот и неговата приватност, под влијание на експанзивноста на технолошкиот развој, медицинските достигнувања, политичките предвидувања или економијата.

Како новоформирано здружение, „Пресврт“ се уште не располага со сопствени средства кои би можеле да ги инвестира во продукцијата на претставата „Иднината е приватна“, па така со оглед на тоа што се работи за истражувачки проект, тимот на „Пресврт“ дојде до заклучок дека и начинот на финансирање треба да се диференцира од веќе испробаните модели на финансирање на театарска претстава познати во границите на нашата држава. Во рамки на платформата за краудфандинг „Go Get Funding“ екипата успеа да собере 1.320 долари за продукцијата на претставата во времетраење од месец дена.

Поради општествениот контекст во кој светот се наоѓа сите активности беа ставени на пауза, но со олабавувањето на превентивните мерки екипата решително продолжи да работи на проектот со цел да ја збогати културната понуда во нашата држава во време на пандемија.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: