ПОВИК ЗА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА ОНЛАЈН КУРСОТ: ВОВЕД ВО ТЕАТАРСКАТА УМЕТНОСТ

По успешното реализирање на првото издание на онлајн курсот „Вовед во театарската уметност“ во рамки на едукативната програма Театар за сите, отвараме повик за упис на второто издание на онлајн програмата!

Формуларот за пријавување можете да го најдете на овој линк. Пријавувањето завршува на 8.јуни (понеделник), а првиот час е закажан за 9.јуни (вторник) со почеток од 19.00 часот на платформата Zoom. Повеќе детали за часовите можете да најдете во самиот формулар.

Програмата „Вовед во театарската уметност“ е едномесечен онлајн курс преку кој ве запознаваме со основите на театарската уметност и процесите на правење театарска претстава. Програмата е наменета за сите млади и возрасни кои сакаат да пробаат нешто ново, поинакво и кои сакаат продуктивно да го искористат слободното време. Курсот вклучува преглед на продукциската, режисерската и актерската инволвираност во креативниот процес, нивните задачи и комуникација, како и реалциите со останатите соработници од креативниот тим: драматург, костимограф, сценограф, светло-мајстор, тон-мајстор…

Цена за следење на програмата е 1500 денари. Предавач е режисерот Милош Б. Андоновски, програмски координатор на „Театар за сите“ и еден од основачите на Пресврт.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: