ПОВИК ЗА ОНЛАЈН КУРС: ВОВЕД ВО ТЕАТАРСКАТА УМЕТНОСТ

Пресврт преку својата едукативна програма „Театар за сите“ отпочнува нов, едномесечен онлајн курс „Вовед во театарската уметност“. Ги следиме современите текови на онлајн едукацијата и се обидуваме да одговориме на предизвикот со тоа што нудиме можност за квалитетно исполнување на слободното време на сите љубители на театарската уметност.

Програмата „Вовед во театарската уметност“ е едномесечен онлајн курс преку кој ве запознаваме со основите на театарската уметност и процесите на правење театарска претстава. Програмата е наменета за сите млади и возрасни кои сакаат да пробаат нешто ново, поинакво и кои сакаат продуктивно да го искористат слободното време. Курсот вклучува преглед на продукциската, режисерската и актерската инволвираност во креативниот процес, нивните задачи и комуникација, како и реалциите со останатите соработници од креативниот тим: драматург, костимограф, сценограф, светло-мајстор, тон-мајстор…

Дел од прашањата кои оваа програма ги покрива се: како изведува еден актер и што се случува во неговата (пот)свест додека работи на својата ролја; што е театарска режија и што работи режисерот; како се чита драмски текст, а како се гледа театарска претстава?

Онлајн курсот започнува на 21.април, а часовите се два пати неделно, во вторник и четврток, со времетраење од 75 минути на платформата Zoom. Цена за следење на програмата е 1500 денари. Пријавете се со пополнување на формуларот достапен на овој линк. Предавач е режисерот Милош Б. Андоновски, програмски координатор на „Театар за сите“ и еден од основачите на Пресврт.

One thought on “ПОВИК ЗА ОНЛАЈН КУРС: ВОВЕД ВО ТЕАТАРСКАТА УМЕТНОСТ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: