ТРАЈКО ЏИКОВ: Конвенционалните начини на комуникација преоѓаат во нешто друго

Трајко Џиков, сениор копирајтер и концептуалист во Маркетинг и адвертајзинг агенцијата „Футура 2/2“, со искуство од 15 години во промоција и развој на македонскиот адвертајзинг е еден од оние луѓе кои се креативни сонувачи, филантропи, а она кое и самиот го издвојува во својот опис е дека ја носи и ролјата на татко.

Со него поразговаравме за копирајтингот (пишувањето и осмилувањето на текстуалниот дел од рекламните и маркетиншки материјали), како и можните насоки кон кои оваа индустрија (не) би се придвижила во иднината.

1.Препознаваш ли копирајтинг потенцијали во профилите и објавите на кои наидуваш во сајбер-просторот?

Се разбира! Постојат многу талентирани пишувачи кои секојдневно изненадуваат со својот пристап, концепт, пишан збор. Како што се менуваат и адаптираат дигиталните канали на комуникација, така и јавниот дискурс и однесувањето на луѓето добиваат поинаква форма. Во новите начини на изразување постојат луѓе и ќе кажам, идни потенцијални човечки ресурси кои ќе ја збогатат индустријата во која работам.

2.Сметаш ли дека во иднината, копирајтингот ќе стане задолжителна “вештина” за личното напредување на секој човек?

Задолжителна не знам, но, практична тврдам! Настрана од можноста за креирање професија, сметам дека секој од нас треба дигитално да се „описменува“, зашто новите формати се тука, а не сум сигурен колку се луѓето спремни за да одговорат на новитетите. Одамна веќе е секој свесен дека конвенционалните начини на комуникација преоѓаат во нешто друго, соодветно треба и да постапат, за да држат чекор во најмала рака. И секако да напредуваат.

3.Може ли вештачката интелигенција да го замени човекот како копирајтер?

Мислам не, затоа што мислам во креацијата ќе нема „магија“. Мислам дека „машината“ никогаш нема да може да произведе емоција доволно автентична и силна. Како и во случајот на Дата во Стар Трек, кој го посвети своето постоење на обидите да создаде од себе автентичен човек, но, само парцијално успеа. Сега за сега, да им оставиме на луѓето да создаваат содржина блиска на луѓето, а дигиталните ентитети да ја вршат својата улога како алатка. И доколку постои некој иден кибернетичен Господар, го молам да биде мек и милозлив со мене во иднина.

4.Какво значење му даваш на насловот на нашата прва претстава “Иднината е приватна”?
Мене донекаде колку и да ми е возбудлива идејата за споделување и отвореност, сепак новите „војни со податоци“ ги доживувам како и секоја друга војна – хаос во кој човекот ги поништува сите вредности кои ги создал. Ветувањето за иднина во која сè е open source, па и мојот живот, навики

  • Повеќе информации за како да ја поддржите продукцијата на претставата „Иднината е приватна“ може да најдете овде.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: