ИВАНА АТАНАСОВА: Нашата реалност е манџа од виртуелни вистини и невистини

Ивана Атанасова (Иф), актерка, авторски изведувач, едукаторка (за деца) и поетеса во ôд. Три и пол години живее во Прага, а еднаш до два пати годишно ја имаме можноста да ја сретнеме и по улиците на Скопје, кога ќе одлучи да се врати и да нè посети. Разговорите со неа за театарот и уметноста се секогаш далбоки, промислувачки, после кои се прашуваме дали ќе успееме да видиме нешто од нејзиното авторско творештво и кај нас, како на пр. Spoonfed [Лажичка под нос], мултисензорен перформанс во коавторство на Иф и нејзините колеги од Прага.

Со оглед на тоа што стнаува збор за човек од областа на изведбените уметности, поразговаравме за можното менување на театарот, слободата на изразување и што е она што го прави театарот актуелен во доба на виртуелна реалност. Исполнете го изобилството од слободно време и прочитајте!

1.Зошто треба да го менуваме театарот каков што го знаеме?

За да остане жив, чунки театарот е жива материја и затоа опстанува и опстојува низ секое време. Замислете време во какво и да е невреме. Каква вредност му давате? Со што го китите? Го славите ли? Го оплакувате ли? Го линчувате  ли? Времето во кое вие живеете. Го гледате, му поднамигнувате или замижувате пред него? Театарот секогаш ќе стои пред огромни прашања, токму затоа што тие прашања се сржта на неговиот живот, на неговиот „бит“.

Ако сакам живот, морам да бидам жива во него, а оттаму тргнуваат и менувањата. Постојани и продорни, некогаш и  тивки, но истрајни. Барем јас така ги замислувам. 

2.Од што зависи слободата на изразување на театарџиите?

Од ништо. Слобода е слобода. Ја создаваш, ја креираш, се бориш за неа. Прашањето е, што значи слободата за секој од нас, театарџиите?

3.Во време на виртуелна реалност, што е она што театарот го прави актуелен?

Театарот е игра, а играта е живот од еден поинаков квалитет, таков којшто неретко го занемаруваме, таков за којшто многумина од нас се недоволно свесни, можеби затоа што го губиме додека „зрееме“.  Така почнуваме да живееме, со игра. Детето го спознава светот преку игра. Овој свет несомнено се труди да не ограничи во тоа, да ги елиминира знаците на игривост, да не направи „сериозни“ граѓани на оваа планета и сè заради полесна контрола (зашто во играта е слободата!). Притоа создава една друга, изопачена игра, на војни и компетиција, на изолирање и експлоатација.
Виртуелниот свет е дел од технолошкиот развиток на човекот, но нему му пристапуваме со нашиот примитивен ум. Повторно изумот го ставаме во функција на нечија корист, заради манипулација. Не постои нешто што човекот го измислил, а не го злоупотребил.  И така, со свој чекан по глава до илјада и назад. Не е случајност што корона вирусот нѝ се случува моментално.

Реалност и актуелен. Тоа се двата клучни збора во прашањево. Нашата реалност е таа, манџа од виртуелни вистини и невистини, вируси, пожари, поплави, бегалци, расизам, социјално отцепување… Зар има поактуелно нешто од тоа за да стане дел од театарската игра? Homo sapiens и homo ludens треба да се фатат рака под рака.  А тоа бара огромна одговорност, еволуција од поинаков вид. Затоа театарот Е актуелен и ќе биде. Доказ дека сè уште постоиме и мислиме, затоа што преку игра учиме и се менуваме.

Тоа се разбира, не значи да се остане слеп пред технолошките изуми на човештвото. Напротив, треба да живее во симбиоза. Неретко гледам претстави и перфроманси, каде што технологијата се користи на паметен и скокотлив начин и уживам во тоа. Се трудам да не замижам пред тоа и кога ги создавам своите перформанси/претстави.   

4.Идеите на Пресврт се обидуваат да афирмираат театар преку различни канали, но пред сè и да го истражуваат. Зошто е важно Пресврт да добие поддршка?

„Пресврт“ треба да добие поддршка пред сè, заради својата храброст. Но би останале идеалисти ако застанеме овде, а така не би биле реални, зар не? 🙂 Па заради нужноста од донесување на свеж воздух, во сè што кај нас подразбираме под „театарски процес“, креација, ИЗВЕДУВАЧКИ уметности и заради тоа што, ако добро сфаќам, „Пресврт“ со своите идеи и сфаќања, се труди да оди пред нашите институции (образовни, културни…). „Пресврт“ сфаќа дека нешто веќе не штима, а јас сум на тој ум од поодамна. 🙂

Фотографија: Хуан Давид Чевалос

  • Повеќе информации за како да ја поддржите продукцијата на претставата „Иднината е приватна“ може да најдете овде.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: