ПЕТАР АНДОНОВСКИ: Уметност која не нуди нов поглед на светот е осудена на пропаст

Оваа низа од мини-интервјуа немаше да биде комплетна доколку не разговаравме и со Петар Андоновски, писател, чиишто чекори на македонската книжевна сцена сè посилно се слушаат. Добитник е на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за неговиот роман „Телото во кое треба да се живее“ во 2015 година. Не можеме, а да не ги спомнеме и неговиот прв „Очи со боја на чевли“, како и неговиот последен роман „Страв од варвари“ – исклучително филмични романи! Ова е одлична можност да ви ги препорачаме за да уживате во долгите денови пред нас.
Петар го прашавме дали размислувал да пишува за иднината; за каква македонска книжевност би наследиле идните генерации – ве оставаме да го прочитате разговорот сами.

1.Петар, би можел ли да се замислиш како пишуваш за иднината и како би излгедало тоа, за што би пишувал?

Не сакам да пишувам ниту за иднината, ниту за минатото. Како писател ме окупирала само сегашноста, иако мојот последен роман ,,Страв од варвари” се случува на крајот на 80-тите. Но, доколку би се решил да пишувам роман за иднината со сигурност тоа би било за последиците од глобалното затоплување. 

2.Каква македонската книжевност посакуваш да читаат идните генерации?

Ние немаме некоја долга книжевна традиција. Но, имаме одлични автори со кои ќе се гордеат идните генерации. Сè што можам да им посакам е да читаат и да ја почитуваат повеќе македонската книжевност од нас.

3.Како разсмилуваш во однос на печатените, електронските и аудио-изданијата на книгите? Му се заканува ли изумирање на печатот поради развојот на новите технологии?

Мислам (а и посакувам!) дека ништо нема да ја замени печатената книга.  Електронските и аудио изданијата наскоро ќе бидат заменети со некои нови технологии, а нив ќе ги заменат некои други, а печатените книги секогаш ќе стојат и ќе нè чекаат на полиците.  

4.Екипата на „Иднината е приватна“ ги разработува темите на читањето и пишувањето во иднината. Треба ли да се поддржи еден ваков проект и зошто?

Уметност која не нуди нов поглед на светот, однапред е осудена на пропаст. Затоа целосно го поддржувам ,,Иднината е приватна” и се надевам дека во иднина ќе ни го разубавувате животот со уште многу вакви проекти.

Фотографија: Војкан Миленковиќ

  • Повеќе информации за како да ја поддржите продукцијата на претставата „Иднината е приватна“ може да најдете овде.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: