САШКО КОСТОВ: Нема да бидеме во можност сами да си ја бираме музиката

За музиката од иднината и за она кое можеби би го слушале луѓето, разговаравме со вистинскиот човек: Сашко Костов. Неговото искуство, како и творештво од сферата на современата (важно за нас да напомене и театарската!) музика, го ослободуваат од рамките на кој било стил. Неговите одговори се многу едноставни, приемчиви, но оставаат простор за размислување, за кое Сашко вели „макар и глупо – пак мислиш.“ Уживајте!

1. Во тек сме со процесот за нашата прва претстава “Иднината е приватна” и како екипа, разговараме за тоа што би слушале луѓето во иднината, каква музика… Кои се твоите размислувања за музиката од иднината?

Од моја десетгодишна возраст си замислувам дека во далечната иднина ќе произведуваат гуми за џвакање кои, кога ќе ги ставиш во уста, почнуваат да свират музика во цело тело, но како мине време, сè повеќе мислам дека ќе нè чипираат и дека нема да бидеме во можност сами да си ја бираме музиката, туку во зависност од нашите чувства и активности, Големиот брат ќе биде нашиот персонален ди-џеј, кој ќе нè враќа назад ако сме отишле напред пред другите, а ќе ги турка напред оние кои залутале назад…

2. Според тебе, каде ја гледаш иднината на македонската музика?

Искрено, не можам јасно да ја предвидам иднината на македонската музика.

Да го прашате, сега покојни Шпато, дали се надевал дека во 2020 ќе се слуша толку безобразна, неквалитетна, некадарна Трап – Рап музика која ги учи нашите деца на неморал, а притоа и родителите го примаат тоа и си се смешкаат со муабетот „еј колку се реални и интересни овие“ (демек ја опишувале денешнинава), и тој нема да знае што да ви одговори.

3. Децении и децении отсега, како луѓето ќе гледаат на музиката која се создава денес на глобално ниво?

Како на модна ревија и хируршки успеси. 🙂 Секој ден ќе посакуваат нови или да се вратат ѕвездите кои навистина умеат да пеат, танцуваат и свират…

4. Треба ли да се поддржи претстава која отвара вакви прашања и зошто?

Апсолутно! Прекрасно е да се занимаваме со прашања за иднината. Те поттикнува на свое размислување, па макар и глупо – пак мислиш. Тука не треба да знаеш колку деца си уби Медеја? Што му направи Федра на Хиполит?  Тоа е само минато кое треба да го прочитаме.  Еве, јас кога би гледал во иднината, би рекол дека Медеја ги израснала своите деца и цел живот се гордеела со нив… Поставуваме прашања, мечтаеме, привлекуваме за себе, а и за сите останати. Дали ќе биде приватна или не, тоа е бунар-без-дно прашање.

  • Повеќе информации за како да ја поддржите продукцијата на претставата „Иднината е приватна“ може да најдете овде.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: