АНА ЈОВКОВСКА: Иднината е заедничка! Ние сме поврзани повеќе од што можеме да замислиме

Особена чест е да се поразговара, макар и по писмен пат, со Ана Јовковска: новинарка, писателка, активистка, тренер по комуникациски вештини и личен и професионален развој. Имавме што да прочитаме, а веруваме и вие. Ана ги сподели нејзините размисли за (зло)употребата на новите медиуми и социјални мрежи, за иднината на човечката комуникација, потребата од солидарност… Ви препуштаме сами да го исчитате ова интервју во еден здив!

1. Ана, дали развојот на технологијата ѝ се заканува на твојата професија?

Мојата професија е како камелеон со многу бои. Нема едно нешто кое би го врамила во „моја професија“. Ако зборувам од име на новинарството тогаш, технологијата ја олеснува динамиката на мојата професија, иако истовремено нè става во канџите на брзината, фаст-фуд културата, непроверените информации, лажните вести, сензационализмот, трката по кликови и неетичкото информирање. Ако погледнам од аголот на песимизмот, тогаш би можеле новите медиуми и социјалните мрежи да ги гледаме како канализација на злото, расадник на „сезнајковци“ и самопрогласени експери со дилетантски анализи, и бастиони за ширење невистини и осуда. Но, оптимистот во мене сака да ја види убавата страна на новите медиуми како бастиони на слободното изразување. Деновиве со загрижувачката ситуација со Ковид-19, медиумите ни помагаат навремено да се информираме за сè што е потребно да го заштитиме јавното здравје. Тие се добар вентил за менталното здравје, но, неопходно е да создаваме медиумска писменост и медиумска култура за да бидеме селективни во изборот на информации кои влијаат на нашите животи. Потребни ни се заштитни маски не само против Короната, туку и против невистините што се шират со брзина на светлината. Затоа, препорачувам внималетно и селктивно читање на објективни и научно проверени информации наместо т.н. „булимично читање“ од секакви алчни медиумски профитери.

Другите поубави аспекти на мојата професија се обуките по комуникациски вештини и личен и професионален развој, сценаријата, дебатите, конференциите, културните фестивали, односите со јавноста, креативното пишување, писателската работа, публикувањето на мојата нова, трета книга „Сакам, значи постојам“ (издание на „ТРИ“) која токму во овој ранлив период е на попуст од 25% и може да се набави онлајн со безбедна достава до дома. Последново е пример како технологијата може да ни олесни во кризни времиња. Во време во кое мерките за претпазливост од нас бараат изолација дома, читањето добра литература е одличен начин да го негуваме менталното здравје и да работиме на себе. Порано бев поголем технофоб, а денес сакам да ги видам предностите кои ќе ни помогнат да бидеме вмрежени за добри цели. Потенцијалот на социјалните мрежи е огромен, може да биде нуклеарна бомба, а може да биде и цвеќе.

Да резимирам, мојата фриленсерска професија е целосно загрозена во една ваква здравствена и општествена криза, бидејќи сите проекти – јавни настани, дебати, културни фестивали, како и обуките кои ги држам се одложени. Ние, фриленсерите сме на сериозен финансиски удар, комплетно незаштитени, но рано е за какви било прогнози, бидејќи приоритет сега е јавното здравје. За понатаму размислувам дека е потребно формирање на некаков синдикат на фриленсер(к)и, а во моментов се фокусирам на научно-истражувачки проекти кои ќе можам да ги работам од дома, без да дозволам да ми надвладее грижата за егзистенцијата. За време на епидемија или пандемија, технологијата може да ни помогне да се реорганизираме во професионалните активности.      

2. Имајќи ја предвид експанзијата на сајбер-културата, во која насока се движи човечката комуникација?

Во насока  на „смајлиња“, емотикончиња и слични симболи коишто го празнат зборот од суштина, а нè хранат со стимулациите на визуелното и површното. Се враќаме во пештерско време. 🙂

3. Дали „иднината е приватна“?

Иднината е заедничка! Ние сме поврзани повеќе од што можеме да замислиме. Нашиот синџир на опстанок зависи од нашата солидарност!

4. Зошто би препорачала некому да го поддржи проектот на Пресврт?

Секој проект што е направен на мускулите на ентузијазмот, а со одлични идеи на креативци кои се вредни и кои сакаат со уметност да го сменат светот на подобро ја поддржувам! Културата е најважната храна за духот! Сите творци во неа, од актерите, драмските писатели… па сè до продуцентите и режисерите се луѓе кои го филтрираат човечкото ѓубре и од него прават катараза! Исклучително важно е да ја градиме и поддржуваме независната културана сцена, а секој тип на вонинституционална уметничка продукција е за поздрав бидејќи е храбар потег кој зависи од нашата свесност. Ве поддржувам и ви посакувам продуктивна работа во доменот на театарската уметност и едукација. Ваквите иницијативи се убави проблесоци кои влеваат надеж!

Фотографија: Томислав Георгиев

  • Повеќе информации за како да ја поддржите продукцијата на претставата „Иднината е приватна“ може да најдете овде.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: