Значи поддршка на театарска продукција која својот прв проект го почнува независно од
институционално финансирање, односно се обидува да изнајде алтернативни начини и извори
на буџетот за реализација на претставата.
Значи постоење на можност за промена на статусот кој независната македонска продукција го
има, како и свртување на вниманието кон условите во кои голем дел од театарските
работници творат.
Значи дека сте општествено одговорни и препознавате група на млади луѓе кои едноставно,
сакаат да работат.
Значи колегијалност и солидарност, доколку поддршката дојде од колегите ширум театрите.
Значи мотивација зашто е тешко да се почне од нула, но не и невозможно.
Поддржете ја претставата “Иднината е приватна” и донирајте. Би ви биле неизмерно
благодарни, а секако, тука сме да ви помогнеме во процесот на донирање преку онлајн
платформата за која не ви е потребна PayPal сметка. Доколку имате потешкотии, пишете ни!
Штом се приклучите на нашата страна на платформата GoGetFunding следете ги овие пет лесни чекори:
