За својата прва претстава „Иднината е приватна“, Пресврт пристапува истражувачки и од продукциски аспект: отпочната е претпродажбата на билетите за премиерата на 23.април во Денсинг салата на Младинскиот Културен Центар, преку онлајн платформата за crowdfunding – GoGetFunding.
Одговори на прашањата дали може да се заобиколат институциите и можни ли се алтернативни начини за финансирање на проект од сферата на независната продукција – немаме, но затоа ве повикуваме да нè поддржите и да учествувате со нас во креирањето на оваа наша прва претстава.
Симболично, кампањата завршува на Светскиот ден на театарот, 27.март, 2020 година. Кликнете на овој линк за да донирате и да си обезбедите карта или пак, да ги дознаете понудените суми, како и наградите кои ги добивате за поддршката што ни ја укажувате. Секако, постои и можност за донација од износ според вашите можности.
Следете ја нашата веб страна, Фејсбук и Инстаграм профилите и бидете во тек со нашата работа!