Придобивките од драмската игра

Драмската игра, во многу училишни системи низ светот, е од исклучителна важност за детскиот развој. Но, драмската игра може да биде полезна како за младите, така и за возрасните. Еве неколку придобивки од овој тип на активности кои, воедно, ги нудиме преку нашите едукативни програми:

Од часовите на програмата „Театар за сите“
  1. Опуштање од емотивната напнатост
    Возрасните често знаат, одново и одново, да (пре)раскажуваат трауматичен настан. Наместо
    тоа, преку драмската игра ваквите настани, свесно или несвесно, можат да се изведат како
    „игра“, со цел да се соочиме со тоа искуство.
  2. Чувство на моќ
    Кога станува збор за ситуации во кои одредени авторитети, луѓе нè плашат, во драмската игра
    ја имаме слободата да ги заземеме нивните места и да ги одиграме. На тој начин, ние ја имаме
    контролата во ситуациите.
  3. Негување на меѓучовечките односи
    Драмската игра е можност да „влеземе во чевлите на некој друг“. На овој начин, развиваме
    способност да ја примениме истата постапка и во секојдневниот живот, преку развивањето на
    емпатијата/сочувствувањето.
  4. Јакнење на самодоверба
    Можноста да си играме, да изведуваме пред некој друг или заедно со нив, влијае
    ослободувачки и охрабрувачки. Преку драмската игра, не само што стануваме посвесни за
    самите себе, за просторот, за другите околу нас, туку и се обврзуваме да работиме на
    подобрувањето на сопствената позиција наспроти околностите во коишто сме.

На крајот на краиштата, драмската игра е забавна и сè што треба да направиме е да се
опуштиме, да уживаме и да си играме со и за детето во себе.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: