ИДНИНАТА Е ПРИВАТНА: Започнува продукциската фаза на првата претстава на „Пресврт“

Претпродукциската фаза на проектот “Иднината е приватна” е при крај, а тимот се подготвува
за отпочнување на процесот на проби со актерската екипа (Наталија Теодосиева, Дени Стојанов, Нина Елзесер и Дарко Ристовски) и режисерот (Милош Б. Андоновски).

За почеток, екипата ќе истражува зададени теми и прашања од режисерот Андоновски, поврзани со иднината, личната и колективната; влијанието на технологијата врз човекот, како и неговата интеракција во и надвор од сајбер-просторот; ќе се разговараат сопствените виизии за иднината на човештвото, политичкиот поредок, медицината, а секако и уметностите. Со оглед на тоа што овој проект е од иатражувачка природа, можностите се бесконечни, а инспирацијата е неисцрпна.

Продуцент на претставата е Петар Антевски. Во продукцискиот фокус на оваа претстава е изнаоѓањето на алтернативни начини за финансирање на театарските претстави и/или перформанси во раамките на македонската независна театарска сцена.

Премиерата е закажана на 23.април во Денсинг салата на Младинскиот Културен Центар во Скопје. За да ја поддржите реализацијата на овој проект, кликнете на овој линј за повеќе информации.

ФОТО: Марјан Петковски, @petkovskiot

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: