Тимот

Петар Антевски

Претседател, студент по продукција

Негови полиња на интерес се унапредувањето на начините на организација на театарската
уметност и развој на организациски модели за придонес на уметничкиот развој. Особено го
интересира парадоксалноста на продукциските методи при структурирање на креативните процеси во театарот.
На прашањето да каже нешто за ПРЕСВРТ или во што верува, вели „Да се најде совршениот модел за продукција е само по себе пресврт, тек тогаш нешто не е во ред.“

Милош Б. Андоновски

Програмски координатор на програмата
„Театар за сите“, режисер

Го интересира психологијата на изведбените процеси; процесот на рецепција и влијанието
на изведбата врз публиката и обратно; актерската техника на Михаил Чехов; современ театар и
site specific режија; театарско образование.
На прашањето да каже нешто за ПРЕСВРТ или во што верува, вели „ПРЕСВРТ за мене е
простор за нови пристапи и обиди во македонската театарска и изведбена уметност, ослободен
од претензии за успех по секоја цена.“

Наталија Теодосиева

Член на Управен одбор, актерка

Ја интересираат психолошките процеси при актерската креација – техниките, методите и
системите со кои се служат актерите при креацијата на ликовите, како и влијанието на танцот врз
надградбата на актерот.
На прашањето да каже нешто за ПРЕСВРТ или во што верува, вели „Верувам во колектив,
колектив од соработници кои беспрекорно функционираат, се надоградуваат и несебично се
поддржуваат во креативниот процес. Верувам во млад, современ и искрен театар.“

Ерина Богоева

Член, фотографка

Ја фасцинира театарот од фотографски аспект. Смета дека она што е една уметност
поставена на сцена, може лесно да се промени во друга уметност преку фотографскиотобјектив.
На прашањето да каже нешто за ПРЕСВРТ или во што верува, вели „Во нашата сфера на
културата постои уште многу простор за растење. Сакам да растеме заедно.“

Дени Стојанов

Член, актер

Се интересира за театарска едукација на деца и млади; користење на театарот како алатка
за општествени промени, како и за создавање на заедница во која сите ќе можат да се изразуваат
и да се надоградуваат.
На прашањето да каже нешто за ПРЕСВРТ или во што верува, вели „ПРЕСВРТ за мене
претставува место за поинаква креација во кое слободно може да се експериментира со
уметностите“.


%d bloggers like this: