Театар за сите

„Театар за сите“ е училиште за млади и возрасни кое нуди неформално образование од сферата на театарската уметност (актерска игра, театарска режија и драмско пишување/читање). Ова е првото училиште за театар во државата кое нуди неформална програма од областа на образованието за возрасни. Со својата работа започнува на 5.септември 2016 година, а ги нуди следниве
програми:

  • Редовна програма за млади и возрасни (тримесечен курс, два пати неделно по 60 минути)
  • Отворени часови (бесплатни, тематски одредени часови кои се организираат повремено, со гости – експерти, отворени за широката публика)
  • Театарски тимбилдинзи
  • Тренинзи за развој на лидерски, презентациски и комуникациски вештини преку театарска методологија

РЕДОВНА ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ И ВОЗРАСНИ
Станува збор за сеопфатна програма преку која посетителите се стекнуваат како со теоретско знаење, така и со практични вештини од областа на театарот и изведбените уметности. Часовите кои се организираат два пати неделно од февруари до мај и од октомври до декември, секоја година, нудат практична вклученост во процесите на актерството, режијата и драмското пишување/читање. Вежбите се корисни и за личен/професионален равој.


ОТВОРЕНИ ЧАСОВИ
Отворените часови ја претставуваат посебната програма на „Театар за сите“ која се организира повремено. Бесплатна е и отворена за широката публика. Отворените часови се секогаш тематски одредени и ги водат гости – експерти, со времетраење од 90 минути во кои секогаш се остава простор за присутните да поставуваат прашања и да се запознаат со театарската уметност директно, преку дискусија со гостинот – предавач. Дел од досегашните гости биле проф. Слободан Унковски, Никола Ристановски, проф. Синоличка Трпкова Меллес, Русе Арсов, проф. Ана Стојаноска и др.


ТЕАТАРСКИ ТИМБИЛДИНЗИ И ТРЕНИНЗИ
Театарските тимбилдинзи и тренинзи се програми со времетраење од три до пет часа кои се нудат на фирми и компании за личен и професионален развој на нивните вработени. Програмите се флексибилни, во зависност од потребите на нарачателите.


За време на своето триипол годишно постоење, Редовната програма за млади и возрасни на „Театар за сите“ ја посетиле над 100 лица, а деветте организирани Отворени часови до сега ги посетиле над 300 лица. Од 2020.година, „Театар за сите“ официјално станува едукативна програма во рамките на Здружението за афирмација на театарската уметност ПРЕСВРТ.

Основач и главен предавач е режисерот Милош Б. Андоновски.


За повеќе информации:


%d bloggers like this: