Иднината е приватна

Проектот ИДНИНАТА Е ПРИВАТНА е првиот проект на Пресврт. Во време кога виртуелниот простор е единствената агора во која луѓето живеат, која е позицијата на човековата приватност? Дали таа ќе исчезне под влијанието на социјалните мрежи или вешто ќе ја зачуваме? Што се случува кога нашиот идентитет го гради одреден алгоритам? Можеби токму софтверот ќе нè натера да се навратиме кон она што е човечки. Поставена во далечната иднина, претставата „Иднината е приватна“ зборува за живот оформен од физичка дистанца, изолација и комуникација исклучиво преку виртуелни профили.

Фотографија: Ерина Богоева @poison_grl

Играат: Ангела Стојановска, Наталија Теодосиева, Дени Стојанов, Дарко Ристовски, Нина Елзесер и Христијан Поп-Симонов како гласот на Адам
Текст и режија: Милош Б. Андоновски
Продуцент: Петар Антевски
Костимограф: Ирина Тошева
Асистент костимограф: Катерина Блажевска Тошева, Модно студио Ле-Те
Шминка: Виктор Мирчевски
Сценограф: Наташа Вчкова
Изведувач на сценографија: Велко Бебековски
Музика и анимации: ИСКРА
Виктор Андоновски | Михаил Наумов | Владимир Петковиќ | Бобан Крстев
Снимање и монтажа на звук: Христијан Поп-Симонов
Позајмени гласови: Јасмина Василева, Симона Димковска, Слаѓана Вујошевиќ, Јанка Лефкова, Благојчо Стојанов, Илија Волчески, Никола Наковски, Емине Халил, Драгана Гунин, Наташа Вчкова, Петар Антевски, Милош Б. Андоновски, Марија Лукаревска.
Фотограф: Ерина Богоева
Дизајн на постер: Бојан Матејин
Посебна благодарност до:
Русе Арсов и МКЦ,
Јасмина Билаловиќ и КСП ЈАДРО,
Павле Игновски и КИНО КУЛТУРА.
Времетраење: 55′
Премиерна изведба: 09.09.2020

Дизајн на постер: Бојан Матејин @matey.out

„Често пати размислувам за тоа дека овде се преклопуваат неколку различни времиња во едно, дека истовремено живееме во три периоди: го живееме минатото среде сегашноста со постојан копнеж по иднината, која никако не доаѓа. Она пристојното, достојното што е некаде таму надвор, овде е недостижно. Каква е иднината? Освен што се уверивме дека е непредвидлива, таа може да биде и розова, истовремено и дистописка, како во оваа претстава која тврди дека таа е „приватна“ односно дека лежи во враќањето на приватноста назад кон човекот. Што ако иднината навистина лежи во враќањето наназад, во нешта кои порано биле секојдневие, а денес се веќе егзотика: миризбата на лебот, грижата за природата, животните и другите? Живееме изолирано и повеќе виртуелно, отколку во живо, зашто само така се чувствуваме поврзано со она што е надвор од нас, од овде. Иднината ја чувствуваме преку видливоста, препознатливоста, брендот, објавувањето на порциите и долната облека, споделувањето на личните спомени и оплакувањето на мртвите. “
– Милош Б. Андоновски, режисер

Продукција:
ПРЕСВРТ
септември, 2020


%d bloggers like this: