Продукција

Продукцијата на театарски претстави и други изведбени форми е едно од главните полиња на
дејствување на Пресврт. Се стремиме кон создавање и негување на простор за младинско
изразување, креација и истражувања во областа на изведбеноста и веруваме дека ќе успееме да
придонесеме кон развојот на независната културна сцена во земјава.

Имајќи ги предвид културниот контекст и процесите на финансирање на вонинституционалната
продукција, Пресврт е отворен за поддршка од физички и правни лица со цел да работи на
непрекинато развивање на својата продукциска програма и инволвирање на млади
професионалци во истата.

Првата театарска продукција на која работи тимот на Пресврт е насловена како “Иднината е
приватна”. За да дознаете повеќе за неа кликнете овде, а доколку би сакале да ја поддржите
отворете го овој линк.

%d bloggers like this: