Пресврт е отворен за соработка со други индивидуи, здруженија, организации и компании, како и било кои други физички или правни лица, заинтересирани да придонесат кон развојот на вонинституционалната театарска средина.
За непрекинат развој на Пресврт, идеите и концептите кои ќе се развиваат, Ве охрабруваме да нè поддржите. Вашата поддршка можете да ја изразите преку некој од следниве начини:
- Директна донација на нашата жиро-сметка (пишете ни на presvrtinfo@gmail.com за да ви ги испратиме деталите);
- Донација во друга материјална форма;
- Спонзорство и/или покровителство преку еден пакетите што можете да ги добиете по контактирање од ваша страна;
- Маркетинг и медиумска покриеност;
- Волонтирање за време на настани за кои ќе се отвораат соодветни повици;
- Идеи, сугестии, совети и препораки;
Доколку ја препознавте Вашата поддршка за нас, контактирајте нè на presvrtinfo@gmail.com