Стратегија за работа на Здружението за афирмација на театарската уметност „Пресврт“ 2019 – 2020
Визија
Вонинституционалната театарска продукција во Република Северна Македонија е самоодржлива средина во која слободно се создава, изучува, истражува и развива театарот и другите изведбени уметности.
Мисија
„Пресврт“ е заедница на театарџии која овозможува простор за слободно творештво на театарска продукција преку експериментирање, истражување и едукација.
Вредности
ИНОВАЦИЈА во уметничката естетика на претставите која ќе понуди новитет и квалитет во развојот на македонскиот театар преку продукција на современи театарски поставки од македонски и странски автори;
ОТВОРЕНОСТ за соработка со млади автори, изведувачи и организации од сличен карактер на национално и регионално ниво;
ЕДУКАЦИЈА на млади, средношколци и студенти за театарска уметност преку директна работа со индивидуалци и образовни институции, како и можност за доедукација на млади кадри во областа на театарот;
ПРИЛАГОДЛИВОСТ на општествените промени, константно подобрување и развивање на програмските активности;
ЕДНАКВОСТ во важноста на сите вклучени во работата преку взаемна почит, разбирање и тимска соработка;
Стратешки приоритети
Развој на театарска продукција и овозможување пристап до средства на млади автори и изведувачи.
Развивање на простор за театарска едукација и доедукација
Поттикнување на посетувањето театар од страна на младата популација.